Лидерот на Македонското меѓународно движење за човекови права Бил Николов најавува продолжување на битката против промена на името и идентитетот на Македонците.
“Село #Желево, поглед од старата куќа на татко ми. Егејска #Македонија беше присвоена од #Грција со трагичната поделба од 1913 година. Тука живееа и СЕ УШТЕ живеат #Македонци. Ние опстојуваме. Ќе се бориме против секое наметнато име и промена на идентитетот”, пишува Николов користејќи го познатиот хаштаг #НашетоИмеЕМакедонија.





