Под големи безбедносни мерки синоќа, 110 жени и 74 деца, членови на семејствата на косовски џихадисти кои војувале во Сирија, со авион биле вратени во Косово, јави Ројтерс..
„Планираната операција за враќање на некои наши граѓани од Сирија успешно е завршена“, изјави косовскиот министер за правда, Абелрад Тахири од аеродромот, Gazeta Express
Повеќе од 300 косовски граѓани, мажи, жени и деца, заминале за Сирија во 2012 година. Околу 70 мажи кои војувале на страната на исламистичките екстремисти биле убиени за време на немирите. Полицијата нагласи дека околу 150 жени и деца, вклучувајќи и 60 деца кои се родени на боиштата, биле заробени откако џихадистичката група „Исламска држава“ ги губела своите подрачја.




