Две лица, на всзраст од 18 и 19 години се уапсени под сомнение дека учествувале во убиството на новинарката Лире Мекки за време на немирите во Лондондери, објави полицијата во Северна Ирска.
Меккеј, наградувана 29-годишна новинарка која напишала книга за исчезнувањето на млади луѓе за време на децении од конфликтот во Северна Ирска, беше убиена додека известуваше од судирот на ирски националисти со полицијата за време на рациите пред Велигден.
„Според Законот за тероризам, уапсените се под под сомнение дека учествувале во убиство“, се вели во изјавата на полицијата.
Шест политички партии во Северна Ирска заеднички го осудија нападот, иако се поделени бидејќи националистите сакаат спојување со Ирска, а Унионистите сакаа да останат во заедница со Обединетото Кралство.





