Во вечерашната кандидатска дебата на ТВ 21 Стево Пендаровски откри дека му се јавил на висок функционер на ДУИ и му рекол да престане со реториката на говор на омраза кон кандидатот Блерим Река.
Претходно професорот Река рече дека „ДУИ и ДПА, партиите кои го поддржуваат претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, отворија војна против мене“.
„Иако можеби не морам тоа вака јавно го кажам, на тој функционер висок на ДУИ вчера му се јавив да му кажам да престане со таа реторика.
И така ќе реагирам кон секој кој на таков начин сака да ми „помогне“. Добив одговор дека тоа нема да се повтори, рече Пендаровски.





