Протести избија во главниот град на Еквадор, Кито, каде демонстрантите бараа оставка од актуелниот претседател Ленин Морено, кого, меѓу другото, го обвинија дека го продал Џулијан Асанж за пари и за нафта.

Основачот на Викиликс кој 6 години помина во азил во амбасадата на Еквадор во Лондон, беше уапсен од лондонската полиција на 11 април, откако добија дозвола од претедателот на Еквадор.




