Премиерот Зоран Заев денеска потврди дека дел од објавените разговори во изминативе денови што ги слушнал се дел од пакетот материјали што ги предал во СЈО.



Од СЈО, претходно демантираа дека постои можност тие да се појавиле од кај нив.

Премиерот сега смета дека е важно што МВР и Обвинителството постапуваат по нив согласно своите надлежности.

„Од министерот за внатрешни работи сум информиран дека тие ги превземаат сите дејствија и мерки согласно законот. Тие постапуваат, очекувам одлуки од Јавното обвинителство. Знам дека пред недела, две, исто така, имаше емитување на бомби што задираат и во приватноста и е поднесена соодветна кривична пријава од страна на Јавното обвинителство. Ако се повторуваат ваквите работи законот е јасен околу ова како постапуваат институциите. За мене е значајно институциите да постапуваат“ рече премиерот.

Тој во продолжение вели дека му се смачило од разговорите што ги имал слушнато.

„Дали се тоа дел од разговорите, тоа што го имав слушнато, а ги немам слушнато сите разговори, малку ми стана и мачно после долго време, е од делот на пакетот што го предадов во СЈО, што секако само потврдува дека ние сме добиле само дел од тоа што на времето се правело како неовластено прислушкување, и го имало на други страни. Но, добро е што има закони и се надевам дека институциите на системот ќе постапуваат строго по законите“. Изјави премиерот Заев какк што пренесува 24 Инфо.