Албанскиот премиер реагираше на одлуката на холанскиот парламент да се разгледа можноста за враќање на визите за албанските државјани.
Бројот на албански баратели на азил во другите земји е во опаѓање, а тоа прашање не е проблем за Холандија, рече албанскиот премиер, Еди Рама, за време на синоќешната седница на албанскиот парламент.
Рама како пример ја посочи Хрватска, која е членка на ЕУ и од каде само минатата година заминале околу 100.000 лица барајќи работа во Германија.
„Невозможно е да се замавне со волшебно стапче и да се запрат луѓето во обидот да си го остварат сонот“, рече Рама.




