Стево Пендаровски, претседателски кандидат поддржан од СДСМ и ДУИ, во интервју за Атина-Македонската новинска агенција (АНА) изјави дека е уверен дека Пресповскиот договор ќе биде имплементиран, дури и во случај на промена на власта во Северна Македонија.



„Опозицијата, во текот на изборниот период, постојано велеше, секој ден, дека ќе работи на подобар договор и ќе успее – не знам како, можеби, преку … чудо – да добие подобар договор за нашите национални интереси. Ми се чини дека ова е само политичка реторика, за да дојдат на власт, а потоа да заборавиме што рекле за време на предизборниот период “,  истакна Пендаровски.

Запрашан дали е обезбедена имплементација на Договорот во случај на промена на владата, тој одговори потврдно.