Проектот „Другата страна на политиката“ тврди дека Пендаровски исто како и Сиљановска и Река бил поканет да биде дел од видео презентација на своите ставови.
По интервјуто направено индивидуално со претседателските кандидати Гордана Силјановска Давкова и Блерим Река во кое не учествуваше Стево Пендаровски „Другата страна на политиката“ објави демант дека третиот учесник на претседателските избори не бил повикан на истото и ги прикажа поканите.

“Почитувани наши следбеници и поддржувачи. Уште еднаш сакаме да го истакнеме нашиот концепт надвор од класичната политичка кампања, односно нашиот неутрален пристап при претставувањето на другата страна на политиката. Во таа насока СЕ ОГРАДУВАМЕ од сите политички контексти и поврзување со политички субјекти.
Воедно, како одговор на одредени обвинувања на наша сметка, во прилог ги приложуваме поканите за интервју упатени до сите претседателски кандидати.
На крајот истакнуваме дека и покрај се, ние сме отворени за соработка, а поканата за креативна средба со професорот Стево Пендаровски сеуште е отворена”, објавија од
„Другата страна на политиката“.

Пендаровски претходно реагираше дека не добил никаква покана за интервју од „Другата страна на политиката“, откако Сиљановска напиша дека тој не прифатил да дојде.




