Работниците на Еврокомпозит кои во шатори спијат пред Влада денеска се обидоа да ја блокираат Илинденска за да извршат притисок за средба со Анѓушев.
Тие најавија дека ќе штрајкуваат со глад додека не се сретнат со вицепремиерот Кочо Анѓушев.
Работниците од Еурокомпозит веќе подолго ги бараат заостанатите 18 плати, неисплатените придонеси за речиси 7 години, како и ветената отпремнина бидејќи дел од нив доброволно прифатија да се прогласат за технолошки вишок.
Само вработените во комбинатот имаат побарувања од околу 5 милиони евра.





