Дури 44,4 отсто од граѓаните ја оценуваат како лоша работата на јавната администрација во земјава.
Поразувачките податоци беа соопштени денеска а анкетата била спроведена од Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) и „ЕвроТинк“ – Центар за европски стратегии.
Позитивно мислење имале само 16,4 отсто од испитаниците. Погледнато по групи, највисоко мислење за јавната администација имаат симпатизерите на СДСМ и ДУИ, како и лицата со основно образование.
Граѓаните се најнезадоволни од услугите на локалните власти, односно општините, и како и од справувањето на полицијата со криминалот и од државното здравство. Најдобри оценки добило МВР во делот на патните и личните исправи и Сообраќајната полиција.





