Северна Македонија останува на 95. место според последниот светски индекс за слободата на медиумите на Репортери без граници (РСФ), исто како и минатата година, кога имаше поместување за 14 места.
Репортери без граници забележуваат на состојбата во јавниот сервис, МРТВ, каде владата сѐ уште не спровела реформи. „
Иако не се регистрирани напади врз новинарите во текот на минатата година во Македонија и безбедноста на новинарите бележи значителен напредок, Репортери без граници предупредуваат дека културата на неказнивост продолжува да владее во земјатам, пренесува Макфакс





