Градоначалникот на Гостивар е убеден дека кандидатот на Алијансата на Албанците и на БЕСА, Блерим Река, ќе ги добие потребните гласови во првиот круг за да оди во вториот.
Абен Таравари вели дека Алијанса за Албанците до сега не размислувала да коалицира со опозициската ВМРО-ДПМНЕ, иако вели дека неговата партија идеолошки е поблиску до ВМРО-ДПМНЕ отколку со СДСМ.
На прашање дали доколку во вториот круг влезат само Пендаровски и Силјановска, Алијансата ќе го поддржи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, тој одговара:
„Ние не сме партија која полни кутии и немаме команда над нашите гласачи. Ќе оставиме граѓаните да одлучат“, вели Таравари за Фокус.





