Различни ставови во однос на Законот за јазиците изразија вечерва тројцата учесници во претседателската трка во четвртата ТВ дебата, која се емитува на Алсат.
Кандидатот подржан од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова нагласи дека доколку таа биде претседател ќе ги почитува Уставот и законите. Сепак нагласи дека има многу забелешки во однос на Законот за јазици – во однос на неговата усогласенот со Уставот и Рамковниот договор, но ќе го почитува и спроведува.
Блерим Река вели тој е за официјализирање на албанскиот јазик, како втор службен јазик во земјава.
„Меѓу мене и другите двајца кандидати постојат дијаметрално различни ставови во однос на ова прашање. Јас тука поаѓам од концетот на родени права. Ние Албанците кои сме родени тука имаме такво право, а со сегашното решение сме деградирани во Уставот со статистика од 20 отсто, рече Река.
Пендаровски, како што рече, е конзистентен по тоа прашање, тој закон нема никому да наштети, туку е донесен за унапредување на правата на етничките заедници.
„Станува збор за максимална екстензија во однос на т.н. јазични права на етничките Албанци. Кога давате повеќе права на една етничка заедница, а не земате од друга нема опасност од распаѓање на државата, туку на тој начин се зајакнува кохезијата и секој што и мисли добро на Република Северна Македонија би морал да води сметка за таков тип на закони“, рече Пендаровски.




