Во соочувањето на претседателските кандидати на Алст М, што беше и последниот дуел на тојцата во изборната кампања, Блерим Река го запраша Пендаровски како си дозволува постојано да ѝ зборува на Гордана Силјановска Давкова дека ја поддржува партија на Никола Груевски која била дел од режимот, криминалот, а заборава да спомене дека две партии ДУИ у ДПА биле дел од таа влада и тој режим.
Дали сте среќни што ве поддржуваат ДУИ и ДПА што 11 години беа дел од владата на Груевски? Дали стее среќен што Имер Селмани зборуваше на Вашата конвенција? како тоа Мендух Тачи ја води неговата изборна кампања, а е осуден за изборни нерегуларности; беапрашањата до Пендаровски од река.
Пендаровски на ова одговори дека бил прв кандидат етнички Македонец кандидат поддржан од партии од сите етнички заедници во земјава, а за селмани рече дека не му ја води кампањата.
Блерим Река му реплицираше дека му ги извртува прашањата и дека Пендаровски ги заобиколува да одговори.




