Голем транспарент со натпис „Никогаш Северна, секогаш Македонија“ на објект во татковината го искористи активистот на Обединета македонска дијаспора од Австралија, Роберт Пасквале, за твит упатен до повеќе политички адреси во Македонија и надвор од неа.
„Вака навистина се чувствуваат Македонците. Никогаш Северна, секогаш Македонија. Не прифаќаме нелегална и принудна промена на името“, напиша на својот профил на Твитер активистот од Перт, чиј татко е роден во Италија, а мајка му е Македонка од Прилеп.




