Кандидатот на најголемата турска опозициска партија денеска беше прогласен за градоначалник на Истанбул, откако заврши повторното пребројување на гласовите од локалните избори.
Првичните резултати од локалните избори на 31 март му донесоа тесна победа Екрем Имамоглу, кандидат на Републиканската народна партија на опозицијата – ЦХП, со што беше ставен крај на 25годишното владеење на АКП со градот на Босфорот.
Според конечните резултати од изборната комисија, Имамоглу освоил 4.169.765 гласови, а Бинали Јилдирим, кандидатот на АКП, 4.156.036 гласови.
Денес, документот му беше даден на новиот градоначалник во златна рамка, со што официјално го доби мандатот за прв човек на Истанбул.

Губењето на Истанбул е особено тешко за Ердоган, кој политичката ариера ја почна како градоначалник на најголемиот турски град во 1990-тите.





