„Не можете да направите мерка која е спротивна на нашите интереси и да речеме ова не е во склад со македонските закони, ама да учиниме на некој друг. Бидејќи си ми пријател, очекувам и натаму да бидеме, но оваа држава има закони. Ако не се добри, ќе ги смениме. Не можете да донесете одлука која не е втемелена на закон“



Ова го изјави вчера во гостување на „Топ тема“ на ТВ Телма претседателскиот кандидат Стево Пендаровски запрашан што би му рекол на Ердоган околу негвото барање за испорачување на „ѓуенистите“ кои за Турција се терористи.

Запрашан што ако Турција поради тоа се закани со вето за наш влез во НАТО, Пендаровски вели:

„Ако реши да стави, ние на тоа не можеме да се спротивставиме.

 (…)Јас секогаш сум бил за реалната политика, меѓутоа како Претседател и како граѓанин не можам да одам против домашната политика. Мора да ги почитуваме законите, ако нешто е спротивно на наш закон, па и по цена да бидеме блокирани. Не можеме да одиме туку така, да го кршиме нашиот закон, да постапуваме незаконски.

На забелешката дека и Силјановска вели „Ако требаше да ни го сменат името за да влеземе во НАТО, подобро да не влеземе“, Пендаровски вели:  

„ За името договорот со Грција, јас не мислам дека е прекршен наш закон…

ИЗВОР:ВЕСНИК

Nна видеото по 40 минута

https://www.facebook.com/toptemanavasastrana/videos/2617244005013125/