Во Германија фатен македонски државјанин баран 25 години за силување!

Државјанин на Македонија осомничен за силување во Берлин пред 25 години е уапсен во вторникот од германската гранична контрола кај Валзерберг на влез во Австрија со автобус полн со печалбари.



Четврт век сега 48-годишниот маж бил недостапен за судските власти на Германија за силувањето млада жена во германскиот главен град кога имал 23 години. Властите биле убедени во неговата вина, откако жртвата го идентификувала, па распишале меѓународна потерница, но од него долго немало ни трага ни глас, а тие се сомневале дека се криел во татковината.

Македонскиот државјанин влегол во Германија без проблем, но на излез од земјата на пат кон Салцбург бил запрен автобусот со кој се превезувал, а кога ги провериле неговите патни исправи налогот за апсење се појавил на компјутерот. Тој е приведен и префрлен во Берлин, каде што ќе му се суди, бидејќи кривичното дело силување не застарува во Германија.