Во интервју за Радио слободна Европа кандидатката за претседател на државата вели дека погрешни се споредбите на името Северна Македонија со оние на Северна Кореја, Северен Виетнам…



„Нема Република Јужна Македонија за да разграничите од Република северна Македонија. Во меѓународното право има некоја логика, се споредува држава со држава, регион со регион.

На планетава ниту имало модерна држава Македонија, ниту имало народ што се нарекол македонски, освен нашиот“, вели Гордана Силјановска Давкова во интервју за Радио слободна Европа.

Професорката вели дека оние кои го договарале преспанскиот договор, требале да знаат дека од некои држави ќе бидеме нарекувани северномакедонци, споено, како што е примерот во германскиот јазик.

На забелечката дека Германците ги викаат споено и Северна Кореја, Обединето Кралство, Северноатлантска организација, Силјановска со одговор:

„Не ви се соодветни примерите. Северна Кореја да, меѓутоа во ОН ниту Виетнам, ниту Кореја не се под „северна“, туку се под Демократска Република, под Република Кореја и тоа е сосема друго. Кај нас тоа е директно врзано за идентитетот.

Силјановска забележува дека можна е споредба со „ Северна Кореја и Македонија во поглед на профилот и квалитетот на демократијата, инаку во поглед на поделбата никако.

Каде што има Северна Кореја или и Јужна Кореја, поделбата е резултат на геостратешките интереси на големите сили и се знае дека еден ден Северна и Јужна Кореја ќе се обединат“’, вели Силјановска во интервјуто за Радио Слободна Европа.