Почна деветтиот и досега најголем протест на албанската опозиција во Тирана, на кој одново ќе биде упатено барање до премиерот Еди Рама да поднесе оставка, да биде инсталирана преодна влада, изборни реформи и општи избори.
Поради наводите за раширената корупција, владините врски со организираниот криминал и доказите дека пратениците на Социјалистичката партија соработуваат со криминални групи купување гласови на општите избори во 2017 година, пратениците од опозицијата поднесоа оставка од Парламентот во март, јавува албанскиот портал Exit.al.
Од тој момент протестираат речиси неделно, барајќи спроведување на владеењето на правото и акција за да ја направат земјата подемократска.
Лидерот на централнодесничарската Демократска партија, Љуљзим баша, ги повика граѓаните да допатуваат денес во Тирана за да учествуваат во „најголемиот протест досега“.
„Тие создадоа двеа Албании, една за мнозинството, лишени од можностите за подобар живот, каде што родителите се фрлени во затвор поради тоа што не можат да платат за електрична енергија, а друга … за оние над законот”, рече Баша.
Опозицијата одби да учествува на престојните локални избори, истакнувајќи дека и покрај објавените докази за заговор за купување гласови, не бече спроведена истрага.

Денеска 1.500 полицајци се распоредени за да ја заштитат канцеларијата на премиерот и да не се повторат сцените од првите протести на 16-ти февруари.

Претседателот Илир Мета повика на смиреност за да се сперечи насилство.
Слично како и за време на претходните протести, Еди Рама, нема да биде во Тирана.




