Министерот за здравство Венко Филипче ги демантираше информациите во дел од медиумите дека на премиерот Зоран Заев му поднел оставка.
Причина за оставката наводно бил зголемениот број случаи на морбили и трагедијата на штипјанка која го загуби своето неродено бебе во шеститот месец од бременоста, откако била заразена од мали сипаници.
„ Не е точно дека сум поднел оставка. Слободно цитирајте ме на порталот. Оставка не поднесов и нема да поднесам !“ изјави Филипче за Скопје1.мк
У извори во Владата потврдуваат дека информацијата за понудената оставка била лажна.





