„Ми дадовте политичка поддршка која ретко се случува, вие не се дистанциравте и дадовте поддршка на најдобрата опција  за иднината на земјава“ изјави претседателскиот кандидат Стево Пендаровски кој присуствуваше на одбележувањето на 11 годишнината од формирањето на Бугарскиот културен клуб, под мотото„Заедно сме посилни“.



„Претходно постоеја гарнитури кои во вас гледаа непријатели,  таквиот однос не смее да се повтори, бидејќи тоа беше срам и не се европски вредности. Вие сте граѓани на нашата држава и сте рамноправни. Границата по договорот со Бугарија е европска граница“, рече Пендаровски.

Тој кажа дека двете земји ги зближува една мисла, да направиме се што може Балканот да го однесеме во Европа, или Европа да ја донесеме на Балканот и конечно од тука да не доаѓаат лоши вести туку само позитивни.

Соговорниците дадоа недвосмислена поддршка за Стево Пендаровски, бидејќи рекоа, само тој како модерен политичар гледа напред и ќе работи за европска држава.