Комората на психолози го осуди дискирминторскиот говор на психологот Јове Хаџиевски кој на својот ФБ профил, сподели слика на премиерот Зоран Заев и две момчиња со Даунов синдром со  коментар „Конечно во друштво со интелектуално рамноправни на себе“.



„Комората на психолози остро ги осудува и се оградува од навредливи и дискриминирачки ставови објавени на приватен профил на ФБ од страна на член на комората. Управниот одбор на комората на психолози свика итна седница на која ќе се дискутира за овој настан и ќе се преземат соодветни мерки согласно етичкиот кодекс на психолозите“, стои во реакцијата од Комората.

Хаџиевски, кој е  претседател на Интернационалниот Гешталт институт во Македонија се извини по многуте реакции..

Фотографијата на премиерот Заев и момчињата со Даунов синдром е објавена на страната на Владата, кога им беа врачени признанија на сите спортисти, кои учествувале на меѓународните натпревари, Олимписки игри, Параолимпијадата и на Специјалната олимпијада.