Кандидатката за претседател Гордана Силјановска – Давкова, вечерва ќе има централен митинг пред Владата во Скопје, а утре, според информациите од нејзиниот изборен штаб, таа ќе има обраќање пред граѓаните на Свети Николе и Велес.
Кандидатот Стево Пендаровски, централниот настан на претседателска кампања ќе го одржи утре во 14 часот пред зградата на ЕУ Инфо центар во Скопје, а денека ќе има средби во Конче, Радовиш, Босилово, во Ново Село и вечерва граѓански митинг во Струмица.
Претседателскиот кандидат Блерим Река, денеска ќе одржи митинг во Гостивар, а завршната конвенција ја најави за 18 април во Тетово.




