Косово го кани „Фолксваген“ бидејќи во Македонија и во Албанија се возело „мерцедес“

Косовскиот министер за трговија и за индустрија Ендрит Шалја му упати писмо на Управен одбор на „Фолксваген“, во кое го убедува германскиот автомобилски гигант да инвестира во неговата земја.



„Северна Македонија и Албанија можат да се оценат како земји во кои граѓаните возат ‘мерцедес’. Србија може да се нарече локација на ‘Фијат’ поради фактот дека таму постои фабрика. Косово несомнено може да се нарече место на ‘Фолскваген’, бидејќи е многу популарен меѓу нашите граѓани. Верувам дека имаме најголем број на автомобили ‘фолксваген’ по жител“, аргументира Шалја.

Другите предности во однос на конкурентите од Југоисточна Европа, според него, се тие што „Косово е земја со најдобра географска положба во регионот“, се наоѓа на 44. место во извештајот на Светска банка за условите за бизнис, има младо население и законска регулатива за привлекување странски вложувања.