„Интересно е во дебата во дебата, не можеме да добиеме став од Силјановска, како ќе влезете во ЕУ ако сте против договорите со Бугарија и Грција.
Ако имате експлицитен негативен став, тогаш вие зборувате само празна политичка реторика, праша во вечерашната дебата на МРТ, претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.
На ова Силјановска одговори дека како претседател таа сепак ќе ги почитува овие договори.
На ова противкандидатката Силјановска му одговори дека е тажно да не прави разлика меѓу Гордана како научник и Гордана како политичар.
„Како научник ќе ги критикувам недостатоците, но како претседател ќе ги почитувам двата договори“, одговори Силјановска.





