Осудените за „27 април“ бараат помилување од Иванов

Сите осудени од процесот за „27 април“ побарале да бидат помилувани од претседателот Ѓорѓе Иванов, дознава ТВ Телма.



Барањата сите ги испратиле преку своите семејства, а не преку адвокатите организирајќи се во затворот во Шутка каде ги издржуваат притворите.

Последен барал Александар Василевски Нинџа кој во своето сведочење пред судот токму за луѓе од кабинетот на Иванов потенцираше дека биле во комуникација со ВМРО-ДПМНЕ вечерта на 27 април, потсетува Телма.

Затворски казни за терористичко загрозување на уставниот поредок добија сите 16 обвинети, за седумнаесеттиот Сашо Марквоски кому му се суди одвоено се уште трае процесот, но и тој барал помилување.

Деновиве во јавноста се отвори дебата дали претседателот Иванов на крајот од својот мандат смее да помилува или не.