По повод одблежувањето на 70-годишнината од воспоставувањето кинеско-албанските односи, премиерот Еди рама побарал од кинескиот колега Ли Кечијанг укинување на визите меѓу двете земји.
На средбата одржана на маргините на Самитoт на земјите од Централна и Источна Европа и Кина – 16 + 1, што се одржува во Дубровник, Рама му предочил на Кечијанг дека тоа ќе го зголеми бројот на кинеските туристи во Албанија и ќе ја зголеми и трговската размена меѓу двете земји, пренесе Плусинфо.
Ли Кечијанг потврдил дека ќе се укинат сите бариери за увозот на мед, вино и маслиново масло од албанско производство.
Исто така, ветил дека ќе преземе и чекори за укинување на визите.





