Професорката Мирјана Најчевска реагира на апелот на министерот за информатичко општество и администрација кој се пожали дека Владата немала доволно ресурси за претстојниот преговарачки процес со ЕУ па повика „чинители во или надвор од јавната администрација“ да се вклучат.
„Прво го наполнија кабинетот на премиерот со лепачи на плакати, па избраа министри политички послушници, па ги наполнија министерствата со лојални соселани, па изнаправија комисии во кои го инклудираа сиот шлајм од ДУИ и од ВМРО- ДПМНЕ, па направија експертеки тела од пилиштарци и жолтоклинци, па ги поттурнаа на страна сите професионалци, и сега велат ајде сите заедно да работиме за влез на државата во ЕУ?
Навистина мислиш дека било кој вистински професионалец би се согласил организатор и раководител на процесот да бидеш ти или Маричиќ или милата Ина Габер или најмилиот Османи? Тоа вие ќе делите задачки и ќе планирате и ќе се шетате по белиот свет а рајата ќе работи?
Или имате разработена кадровска политика или не.
Времето на моби и селска сепомош помина пред неколку стотици години.
Сега е време на прганизација и знаење и вештини и искуство.
Или ги имаш или не.
ВМРО ДПМНЕ ги немаше и затоа ја доведе државата до ова дереџе.
Ве избравме вас затоа што тврдевте дека сте поинакви.
Еве уште чекам да го видам тоа поинаквот“, пишува Најчевска на Фејсбук.






