На вториот ден од средбата на Заедничката бугарско-македонска комисија  за историски работи, било побарано изнаоѓање решение за заедничко славење на личноста на Гоце Делчев.



Двете земји разговараа за учебниците и дискутираа за личноста на Гоце Делчев, пренесува агенцијата БГНЕС.

Професорот Ангел Димитров кој го предводи бугарскиот тим во Комисијата предложи  „изнаоѓање решение за прославата на една толку сакана личност во двете земји како Гоце Делчев“.

Двете страни го оставиле прашањето за следниот состанок во јуни, дознава БГНЕС.

„Се надевам дека следниот состанок ќе доведе до решение слично на она што го направивме за цар Самуил. Искрено се надевам дека на следниот состанок ќе завршиме со античкото време, но ќе направиме солиден чекор напред во остварувањето на заедничката позиција околу забелешките со интерпретацијата на средниот век“’, истакна професорот Димитров, пренесува агенцијата.

Професорот Драги Ѓоргиев, копретседател на Комисијата од македонската страна, рече дека прашањето на Гоце Делчев е „чувствителна тема за важна личност“.

„Ние дискутиравме за Гоце Делчев денес и сметаме дека треба да се продолжи разговорот за Гоце Делчев како за една личност, која заедно ќе ја чествуваме“, истакна тој. Проф.

Ѓоргиев рече дека македонската страна ќе подготви текст што ќе биде предложен на состанокот во јуни.

„Сметаме дека работата на комисијата е многу сериозна. Потребно е време, потребни ни се консултации со специјалисти за да претстават сериозна препорака до владите “, вели Ѓоргиев.

Комисијата два дена заседаваше во Софија , а попладнево беше одрѓана прес конференција за постигнатото на средбата.

Извор: BGNES