Претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев, на брифингот со новинарите, вели дека не е добро судот однапред да се произнесува по нешто што се уште не е одлучено



„Претседателот на државата има право да донесе аболиција и тоа е факт. Ако биде донесена аболиција, судот тогаш ќе се произнесе и ќе проценува по неа“, изјави вчера Џолев.

Според него досега нема доставено никакво барање за аболиција, ниту од обвинет, ниту од осудено лице, пренесе „Вечер“.