Фуере разочаран од идејата на Хан за подговтителни преговори


Поранешниот амбасадор на ЕУ во Македонија, Ерван Фуере, смета дека изјавата на Хан за подготвителната фаза на преговори, претставува компромис со оние кои се против проширувањето на ЕУ.



„Разочарувачки е што Европската Комисија не ги почитуваше роковите за извештаите за напредокот, што требаше да се објават неделава. Мислам дека ова е стратешка грешка. Знаеме зошто го направија тоа, но што повеќе правите компромис толку повеќе креирате двосмисленост и толку повеќе ја играте играта на оние кои не сакаат повеќе проширување, смета екс-амбасадорот кој се надева дека нема да има одлагање на одлуката за давање датум за преговори во јуни.

Извор: Нова Македонија