„Дојде време за претседател Албанец, затоа што и Албанците се граѓани на оваа земја. За да може да го живееме концептот за една Република за сите, треба да постои реална еднаквост, а не само формална, за сите граѓани на оваа земја.
Кандидатот за претседател Блерим Река, на митингот во Брвеница синоќа рече дека неговиот концепт е за универзална Република за сите граѓани, за владеење на законот и правда за сите.
„Македонија како мултиетничко
општество не може да функционира како моноетничка земја. Затоа на 21 април
вашиот глас е глас за промена, глас против корупцијата и против неправдата“,порача Река кој беше придружуван од лидерите на Алијанса на Албанците и на „Беса“.





