Кандидатката за претседател на државата Гордана Силјановска Давкова денеска имаше средба со граѓаните на општина Бутел.
„Како не се изморија од повторување, ЕУ, НАТО, но тоа се само зборови за нив, реторика, зад овие зборови нема никаква содржина, никаква суштина и тоа наскоро ќе го чујат“, рече Силјановска.
Таа рече дека е срамота постигнувањето на цели како ЕУ и НАТО, да се употребуваат како алиби за нивната егзистенција.
„Атаа е различна од вашата егзистенција, од егзистенцијата на народот. Зошто да, тие живеат како во Брисел ако го споредуваме нивниот стандард, ама народот живее како во Африка. Тоа ние ќе го смениме“.





