„Во мојот мандат како претседател, приоритет ќе биде токму Армијата и положбата на војниците“, истакна Стево Пендаровски на денешната средба со граѓаните во Јегуновце.



Кандидатот за претседател вели дека Пендаровски вели дека доколку биде избран за претседател ќе се залага за модернизација на Армијата и за обезбедување на европски услови за македонските војници.

„Посебен фокус ќе ставам на покачување на платите, домувањето, но и мерките за поддршка на припадниците на Армијата по нивното пензионирање од активна служба во Армијата. Затоа е многу важно започнатите процеси да ги продолжиме“, нагласи Пендаровски во Јегуновце.