Красимир Богданов, пратеник  од „“Обединети патриоти“ побарал бугарските телевизии да не титлуваат/преведуваат при пренесување вести и информации од македонски официјални лица и од медиуми бидфејќи станувало збор за ист јазик



“Го повикувам СЕМ (Еоветот за електронски медиуми) да направи мониторинг на телевизиите кои користат преводи при пренсеуваатње на вести поврзани со Македонија. Тоа е крајно несоодветно и треба да прекин“ побарал Богданов.

„Познат факт е дека бугарската наука одамна докажа дека јазикот кој се зборува во оваа држава е регионална норма на бугарскиот литературен јазик. Во нешто поголем дел од современите граници на Бугарија се користи токму овој дијалект. Во врска со тоа сметам дека е крајно несоодветно главни бугарски медиуми да продолжуваат да користат преводи, кога пренесуваат вести поврзани со Македонија, без разлика што тој јазик е неразбирлив за бугарските граѓани.

Богданов потсети дека при културни манифестации меѓу двете земји, не се се користи таков превод.