„ Бојкотот не е знак на демократска зрелост. Европската перспектива на Северна Македонија треба да се гледа како национална, стратешка цел на сите политички сили која бара активна и конструктивна заложба од сите политички партии и граѓанското општество“, вели еврокомесарот Јоханес Хамн во интервју за МИА.



Тој вели дека од Христијан Мицкоски добил уверување дека опозициската партија нема да ги бојкотира претседателските.

„Во овој дел, добив осигурувања од лидерот на опозицијата дека тие ќе играат активна и конструктивна улога во претседателските избори и немам причина да се сомневам во тоа“, вели Хан.