Албанската полиција ги прецизираше информациите за украдениот износ пари во вчерашниот грабеж, како и за местото каде тој се случил.
Не биле украдени само 1,5 милиони евра како што вчера јавија медиуми, туку 10 милиони евра и не во близина на аеродромот, туку директно од авионот кој бил подготвен за лет во Виена.
„Четворица вооружени и маскирни разбојници облечени во војнички униформи, прво ја исекле жичената ограда и со голема брзина со возило влегле на аеродромската писта приближувајќи се до авионот во кој веќе биле влезени патниците. Тројца од нив влегле во авионот и под закана од просторот за багаж земале торби со пари и побегнале“, соопштија истражните органи.
На аеродромот имало поголемо присуство на припадници на единицата за брза интервенција, поради престојот на американскиот заменик помошник државен секретар Метју Палмер.
По грабежот започнала потера и недалеку од аеродромот, дошло до престрелка со крадците при што еден од нив бил убиен.





