Пописот чека „виза“ од Владата

Предлог-законот за попис на населението што треба да се изврши идната година, с’е уште не се најде на дневен ред на седница на Владата.



„ Очекуваме тој да биде во владина процедура на една од наредните седници. Верувам дека ги знаете и одлуките на Владата дека пописот ќе биде во 2020. Не постои некоја посебна причина што законот сѐ уште не се става на дневен ред. Истиот е во подготовка и се надеваме дека идната недела ќе биде на владина седница“, вели портпролот Мухамед Хоџа.