Падна нов предлог за преименување: Центар за странски јазици „Зоран Заев“!

Социјалните мрежи зовреа по преименувањето на најголемиот стадион во државата со одлука на Владата, а заради задоволување на Грција, па многумина понудија урнебесни предлози за нови имиња на институции и фирми во Македонија.



Се издвојува „Центар за странски јазици ‘Зоран Заев’, а не помалку интригантни се и: Институт за мировни студии „Хаџи Сулејман ефенди Реџепи“, Македонска опера и балет „Горан Пандев“, „Макпетрол“ да се преименува во „Мира Дизел“ итн.

За преименувањето на Национална арена „Филип Втори Македонски“ во „Тоше Проески“ твитер-профилот „Вентрипотенте“ со коментар: „Светлана Цеца Ражнатовиќ го наполни Тоше Проески… Не иде некако, а?“.