Да се запре уништувањето на крајбрежјето во село Радожда, објави порталот VOXStruga, кој ја следи состојбата на појасот трски и екосистемот на Охридското Езеро вo Радожда.
Активноста е дел од проектот: “Мониторинг, заштита и одржливо користење на појасот трски на Охридско Езеро”, што е дел од програмата која се реализира во рамки на проектот : ,,Подобрување на управувањето со заштитените подрачја“, финансиран од Европската Унија а се спроведува од страна на Програмата за развој на Обединетите нации во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, пишува порталот.





