Зорица Апостолска, мистерката за привлекување странски инвестиции, не знае колку од нашите студенти кои искористуваат стипендии надвор од земјава се враќаат и продолжуваат со работа во Македонија.

Но, изјави дека странска компанија веќе договорила две лица да се вратат и да работат во земјава.
„Од состаноците и средбите што ги имам со инвеститорите веќе имам позитивни информации дека почнуваат да ги враќаат назад. Последната информација е дека веќе се вратени двајца образовани и подготвени кадри во една наша странска компанија“, вели Зорица Апостолска, министерка без ресор за привлекување странски инвестиции, за Алсат М.
Во јавноста постојано се манипулира со бројка од 600.000 отселени од Македонија.




