Над 500 евра му се потребни на едно четиричлено семејство за да ги покрие само основните трошоци.
Износот на потрошувачката кошница изнесува 32,671 денар во услови кога просечната плата е 24,517 денари, покажуваат податоци на ССМ.
Дури 73 отсто од домашниот буџет месечно одат за храна и домување, а само 5 проценти се трошат за култура и одржување на здравјето, пренесува Сител.





