Навивачката група „Комити“ се огласи за одлуката на Владата за преименување на Национална арена „Филип Втори Македонски“ во „Тоше Проески“.
„Понесени од нагонот за преименување на сè што е гордост, традиција и македонски идентитет, повторно се дрзнаа ‘семоќните’ да го преименуваат нашиот втор дом…
Но, овој стадион секогаш бил, е и ќе биде ‘Градски стадион – Скопје’, Република Македонија!!!
‘Што е тоа во луѓето тажно, што живеат во животи туѓи?’ – еднаш праша маестро Тоше, но не му беше одговорено…
Прости им великану, не знаат што прават !!!
#ЧујтеВиеНеразбраниТрговци #ГРАДСКИСТАДИОНСКОПЈЕ
#ТошеЖивееВечно“, реагираат навивачите на Вардар.





