Ќе се почека да завршат претседтелските извбори а потоа државата може целосно да биде парализирана со генерален штрајк, доколку Владата не поочне преговори за прашањата кои се од интерес на јавниот сектор, се заканија од Синдикатот за образование, наука икултура (СОНК).



Јаким Неделков, претседател на Синдикатот, за ПлусИнфо вели дека се уште нема одлука кога ќе почнеме и колку тој ќе трае штрајкот, но може да се случи тоа да биде на крајот на учебната година, а во штрајкот да бидат вклучени сите дејности од јавен сектор.

„Ако се знае дека СОНК има 30.000 членови во кои се вклучени и јавната и државната администрација, еден штрајк ќе значи многу, односно целосна блокада на институциите“ – вели Неделков.

Еден од проблемите се платитена наставничкиот кадар кои се на дното во регионот“: Во Косово и БиХ наставниците земаат од 600 до 700 евра, во Црна Гора е над 500 евра, а во Бугарија е договорено зголемување за 20 отсто.

„Кај нас платата е 21.000 денари, вели Неделков.

Извор: ПЛУСИНФО