„Ало“: Димитров се фалел во НАТО дека Македонија помогнала да се бомбардира СРЈ 1999.!

Српскиот таблоид „Ало“ објави дека шефот на македонската дипломатија Никола Димитров на состанокот на НАТО минатата седмица во Вашингтон се пофалил дека Македонија во 1999 година помогнала да се бомбардираат Србија и тогашна СР Југославија!



„Министрите на 29. членки на НАТО се собраа минатата недела на состанок во Вашингтон за формално да одбележат 70 години од формирањето на блокот создаден по Втора светска војна.

Како што дознаваме, на тој собир министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Никола Димитров, се фалел дека Македонија со ентузијазам го поддржала бомбардирањето на Србија и на СР Југославија.

‘Рече дури и дека Македонија дала логистика за агресијата на НАТО на СРЈ во 1999 година’, откри нашиот извор“, пишува дневниот весник.