Љупчо Цековски татко на студентката Фросина која во 2015 година загина на „Партизанска“, прашува дали секој треба да ја зема правдата во свои раце откако Апелација одлучи да му ја намалали затворската казна на три години на возачот Љубиша Видојковиќ.
За смртта на младата студентка Фросина Цековска која беше прегазена додека поминувала на пешачки премин кај Универзална сала, првично од Кривичниот суд беше осуден на 6 години затвор и шест месеци поради неукажување помош на повредено лице бидејќи го напуштил местото на несреќата. На повторениот процес, тој доби затвор од 4 години, а сега второстепениот суд ја намали казната на 3 години.
Таткото Љупчо Цекоски за А1.Он вели дека болката е сега уште поголема отколку пред 4 години кога загина Фросина. За него е наприфатлива толку ниска казна за некој кој возел 160 километри на час и усмртил човек, а потоа избегал.
„Очигледно правдата е во рацете на моќните…очекувавме казна од најмалку 10 години, а тие му ја намалија на три.
Ова ли е држава, ова ли е судство?
Згора на тоа му го поништија делото дека не ѝ укажал помош откако ја удрил“, вели Цековски за А1.он.





