Студентското движење „Млади за Македонија“ ги повика Македонците во Хрватска со својот потпис да ја поддржат кандидатурата на европратеничката Маријана Петир за уште еден мандат во Европски парламент.



„????ПОДДРШКА ЗА КАНДИДАТУРАТА НА МАРИЈАНА ПЕТИР????

‘Млади за Македонија’ изразува целосна и безрезервна поддршка за кандидатурата на Маријана Петир за пратеник на Европски парламент. Ги повикуваме сите Македонци во Хрватска да дадат целосна поддршка и да се потпишат за кандидатурата на Marijana Petir. Таа го брани и се бори за нашето име повеќе дури и од македонските политичари. Маријана Петир е голем пријател на Македонија, а Македонија ќе ѝ се оддолжи на Петир за сè што таа има сторено за нас. Маријана Петир е нашиот херој и ние Македонците никогаш нема да ја заборавиме вашата помош.

Како благодарност за придонесот во одбраната на македонската кауза, Млади за Македонија на 19 септември ѝ доделија плакета со благодарност на европратеничката Маријана Петир. Ние никогаш нема да ги заборавиме нашите пријатели и секогаш сме со нив“, се вели во повикот.

Македонци од целиот свет ѝ изразуваат поддршка на основачката и прв шеф на Група пријатели на Македонија во Европски парламент и на нејзината страница на Фејсбук.