Грчкиот министерт за миграциска политика, Димитрис Вицас, вели дека криуммчари со луѓе стојат зад настаните во изминатите денови кога мигранти де обиделе да тргнат на север, јави дописничката на МИА од Атина.
Според неговата проценка е дека зад ова се кријат интереси на криумчари кои се дел од меѓународна мрежа, бидејќи ист обид, но без успех имало и во Грција и во Турција.
„Станува збор за меѓународна мрежа, меѓународни криминални банди. Не говориме за еден човек што ќе земе 10-20-30 луѓе за да ги пренесе преку различни патчиња или преку Еврос или со чамци. Тоа се цели мрежи. Без да го кажувам со сигурност, но го кажувам ова и според моето мислење ќе излезе дека е точно. Вели Вицас според кој криумчарите се од различни земји.





